232
Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со повремен слаб дожд. Максималната температура ќе се искачи до 23-от степен.
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од среда се очекуваат наместа пообилни и поројни врнежи.