Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, а во попладневните часови облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец, кој во западните делови од земјата ќе биде умерен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура ќе биде од 7 до 14 степени, а попладне од 13 до 23 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде, променливо облачно. Претпладне ќе има повремен дожд, а попладне ќе биде умерено облачно со слаб ветер од југозападен правец. Наутро температурата ќе биде 12 степени, а попладне ќе се искачи до 20 Целзиусови степени.
Според прогнозата на УХМР, утре, времето ќе биде променливо облачно и релативно топло. Попладне и особено во текот на ноќта се очекува да има врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец со брзина од над 60 километри на час.
Во Скопје, утре ќе биде, променливо облачно, попладне облачно со повремен дожд и со умерен до засилен јужен ветер.
Температурата во текот на утрешниот ден ќе биде од 13 до 23 Целзиусови степени.