Променливо облачно со сончеви периоди, попладне пороен дожд, ветер и грмежи

by Fokus

Променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, предвидуваат синоптичарите од Управата за хидрометеоролошки работи.

На повеќе места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме, проследени со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе се движи од 5 до 13 степени целзиусови, а максималната од 15 до 24 степени.

Поврзани новости