Променливо облачно со сончеви периоди, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

by Fokus
Променливо облачно време со сончеви периоди, предвидуваат синоптичарите. Попладне, главно во западните и северните делови на земјата, ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се движи од 5 до 10 степени целзиусови, а максимална од 15 до 21 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

 

Утрово синоптичарите измериле минилани температури од 3 степени на Попова Шапка, потоа 5 степени во Лазарополе, и Крушево, 6 степени во Маврови Анови, 8 степени во Крива Паланка, Берово, Претор и Прилеп, 9 степени во Битола, 10 во Скопје на Зајчев рид,  Тетово, Виница, Охрид и Куманово, 11 степени во Скопје на Петровец, Струмица, Штип и Дебар, 12 степени во Гевгелија и Демир Капија

Поврзани новости