Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за локален дожд, особено во југоисточните делови. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 9 до 13 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаба магла и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 11 степени.
До петок ќе преовладува променливо облачно време, по одделни котлини со појава на магла. Под влијание на влажен и студен бран во сабота ќе има значителна промена на времето со пообилни врнежи, кои во текот на денот во поголем дел од земјата ќе преминуваат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. Ќе дува засилен северен ветер, а температурите од недела значително ќе се намалат.