Времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд, особено во претпладневните часови. Попладне, облачноста постепено ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималните температури во земјава ќе се движат од -2 до 5 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 9 до 18 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурите во главниот град ќе се движат од 2 до 18 степени.
Утре сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Слично време се најавува и за в недела, а од понеделник се очекува промена на времето со зголемена облачност и повремен дожд кој на места ќе биде проследен со грмежи.