Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, а во текот на ноќта ќе има повремен пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб ветер, а попладне и во текот на ноќта ќе има локален пороен дожд проследен со грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималната температура ќе биде од 11 до 20 степени, а максималната ќе достигне 26 до 33 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, а во текот на ноќта ќе има повремен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 33 степени.
И во наредните денови од неделата времето ќе биде променливо облачно, а на повеќе места ќе биде проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има и појава на невреме со интезивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.
Во вторник се очекува врнежите да бидат пообилни, а температурата значително пониска.