Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 14 степени

by Fokus

Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, каде повремено ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен вете, претежно од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од три до девет Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од седум до 14 степени.

Во Скопје, времето исто така ќе биде променливо облачно, а во делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 13 Целзиусови степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, по влажниот бран и врнежите од дожд , во петок и сабота ќе преовладува стабилно време. Од недела попладне и во текот на ноќта кон понеделеник, повторно се очекуваат врнежи од дожд, а на планините од снег. Од понеделник синоптичарите најавуваат и појава на умерен до засилен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на температурата.

Поврзани новости