Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег

by Fokus

Променливо облачно, наутро со појава на голомразица во северните делови и од изутрина со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег што ќе ја зголеми снежната покривка.

Претежно во западните и северните делови повремен снег ќе паѓа и на некои повисоки места. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието северозападен, а во западните делови западен ветер, кој наместа повремено ќе засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наутро во делови од регионот ќе има услови за појава на голомразица, а преку денот на повисоките места ќе паѓа повремен снег.

Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне до 6 степени Целзиусови.

Поврзани новости