Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, особено во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 18 Целзиусови степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 16 степени.
Во петок на повеќе места ќе има врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во западните и јужните делови (над 20 л/м2). Ќе дува повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час). За време на викендот времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност.