Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

by Fokus

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Ќе дува умерен, а на некои места засилен ветер од југозападен правец. Во попладневните часови, во западните делови од земјата, се очекува врнежите да бидат пообилни.
Утринската температура ќе биде од 5 до 16 Целзиусови степени, а дневната од 17 до 27 Целзиусови степени.

Во Скопје и во околината времето денеска, според прогнозата на УХМР, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а ќе дува и слаб ветер од променлив правец.
Наутро температурата ќе биде 12 степени, а во текот на денот ќе се искачи до 23 Целзиусови степени.

И за утре се прогнозира дека времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец.

Поврзани новости