432
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд.
Околу пладне во делови од котлината ќе има краткотрајно невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи.
Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Од утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето.