Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во одредени делови од земјата ќе има невреме со пообилен дожд за кратко време во кое се очекува да наврнат над 25 литри на квадратен метар, силен ветер и изолирана појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Температурата наутро ќе биде од 10 до 17 Целзиусови степени, а попладне од 16 до 27 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска, ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено попладне кога во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и појава на град. Темпертурата ќе биде од 16 до 24 Целзиусови степени.
И утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во одредени делови од земјата процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.
Во Скопје и утре времето ќе биде како изминатите денови, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град, велат од УХМР.