433
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа со поинтензивни процеси во форма на невреме со силен ветер и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната од 24 до 31 степен Целзиусов. УВ индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
Минималната температура ќе изнесува 16, а максималната ќе достигне до 29 степени Целзиусови.
Од утре следува сончево и топло време со мала до умерена облачност, попладне со изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.