Променливо облачно со дожд во попладневните часови

by Fokus

Претпладне променливо облачно, попладне повремени врнежи од дожд, а на планините од снег – вакво време, според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) нè очекува денеска во земјава.

Во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни. Минималните температури ќе се движат од 2 до 7 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 11 до 16 степени.

Во Скопје денеска ќе биде променливо облачно, а од крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд. Температурите во главниот град ќе се движат од минимални 4 до максимални 12 степени.

Облачно и врнежливо време УХМР прогнозира и за утре.

Поврзани новости