324
Денеска времето ќе биде променливо облачно, од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град, предвидуваат синоптичарите од Управата за хидрометеоролошки работи. Индексот на ултравиолетовото зрачење ќе биде 7.
Минималните температури ќе се движат од 12 до 19 степени, а максималните од 21 до 33 степени.
Во Скопје променливо облачно, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.