333
Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен, а во североисточните делови од северозападен правец.
Од пладневните часови наместа ќе има појава на пороен дожд со грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.
UV=6
Во Скопје и во околината променливо облачно со сончеви периоди, попладне во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи.
Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 30 степени Целзиусови.