61
Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло, претежно во западните делови со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.
Утринските температури се движат од 3 до 9, додека највисоките дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 9 и 17 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе достигне до 17 степени.