Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно и релативно топло, со слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во западните делови, особено од попладневните часови ќе има појава на повремен пороен дожд и услови за грмежи.
Минималната температура се движи во интервал од 4 до 12 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 14 до 27 степени.
За Скопје и околината синоптичарите прогнозираат слично време, сончево со мала до умерена облачност, која се очекува да се зголеми во попладневните часови со услови за појава на краткотраен дожд.
Минималната температура во главниот град ќе се движи околу 10 степени, а максималната ќе достигне до 24 степени Целзиусови.
Релативно топлото време ќе се задржи и утре, но со зголемување на облачноста која ќе биде проследена со локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и повремено проследени со грмежи.