Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Утринската температура ќе биде од 10 до 16 Целзиусови степени, а во текот на денот од 21 до 27 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме. Температурата наутро ќе биде 16, а во текот на денот до 26 степени.
За утре се најавува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а на некои места со услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.
И во Скопје утре ќе биде променливо облачно со повремен дожд и со услови за краткотраен пороен дожд во попладневните часови. Температурата утре од 11 до 15 степени наутро, а во текот на денот од 21 до 28 Целзиусови степени.