Времето во Македонија денеска наутро ќе биде со магла во одделни котлини. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди и потопло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, особено во западните делови.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 13 до Целзиусови 17 степени.
Во Скопје променливо облачно, наутро со појава на значителна ниска облачност. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 14 Целзиусови степени.
Утре ќе дува засилен ветер од јужен правец што ќе услови дополнително зголемување на дневната температура и забрзано топење на преостанатата снежна покривка. Под влијание на влажен бран во недела ќе има локални врнежи од дожд, а ветерот ќе се промени во северен и ќе засилува. Дневната температура ќе се движи од 13 до 19 Целзиусови степени.
Од понеделник температурата повторно ќе се намали.