Променливо облачно со повремени сончеви периоди, но и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Вакво време, според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нѐ очекува денеска во земјава.
На места се можни поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 12 до 19 Целзиусови степени, а максималните ќе достигнат од 20 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува седум.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но повремено и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од скопската котлина, според УХМР, ќе има услови за краткотрајно невреме.
Минималната темпетатура во главниот град ќе изнесува 18 степени, а максималната ќе достигне 29 степени.