161
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло.
Ќе дува умерен, наместа засилен ветер (над 60 км/час) од јужен правец, што ќе услови понатамошно топење на снежната покривка на планините.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 18 степени.