Променливиот ветар во скопско Орман вчера ја разнесувал огнената стихија

by fokus

Гаснењето на пожарот што ја зафати вчера шумата во близина на скопските села Орман и Никиштани било отежнато поради променливиот ветар кој го менувал правецот на огнената стихија. Во попладневните часови огнот се спушташе кон селото Волково и во близина на обиколницата, но во вечерните часови се разгоре во правец на Никиштани.

Гореше дабова и нискостеблеста шума. Огнот зафати неколку локации и на места опасно им се доближуваше на куќите од селото Орман. Пожарот го гаснеа самите жители на селото затоа што недостасуваше екипираност на терен од надлежните.

Во Никиштани неколку дрвени бандери изгореа во пожарот поради што дојде до прекин на струјата. Струја немаше цела вечер ниту во делови низ Волково и Орман. Локалните селани со помош на противпожарните екипи успеаја да го локализираат пожарот во полноќните часови.

 

Поврзани новости