Двете најсилни коалиции во Бугарија изборниот ден го завршуваат речиси изедначено, покажуваат првичните резултати од излезната анкета на агенцијата „Алфа Рисрч“ за денешните петти парламентарни избори во Бугарија во поледните две години.
Коалицијата „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“ освоила 26,4 отсто од гласовите на Бугарите, додека ГЕРБ-СДС имаат 25,5 отсто од гласовите. Излезноста е на ниско ниво од 38, 49 отсто.
По „ПП-ДБ“ и ГЕРБ-СДС“, на трето место е ДПС со 13,9 отсто, „Препород“ има 13,5 отсто а „БСП за Бугарија“ 9,2 отсто.
Се уште е нејасно дали во новиот бугарски Парламент ќе влезат пет или шест партии, бидејќи до прогласувањето на конечните резултати нема да се знае дали „Бугарски подем“ или „Има таков народ“, ќе успеат да го минат изборниот цензус. Засега првата има 3,6 отсто од гласовите, додека партијата на Слави Трифонов е со 3,5 отсто освоени гласови.