Промени во „Пепси“ и „Кока Кола“

by fokus

Големите светски производители на безалкохолни на пијалаци доброволно презедоа нови обврски за намалување на шеќерот и за ограничување на рекламирањето.

Според документот наречен Кодекс на доброволни обврски се планира до крајот на 2024 година да се намали шеќерот во безалкохолните пијалаци за 10 проценти, да се воведат помали шишиња односно помали од 500 милилитри, како и да има истакнато информации за составот на пијалакот.

Големите производители на безалкохолни пијалаци „Пепси“, „Кока Кола“ и други соопштија дека ќе го потпишат Кодексот.

Додека производителите на руска територија ќе го ограничат рекламирањето на безалкохолни пијалаци односно нема да се рекламираат на телевизија, радио и во печатените медиуми, а исто така нема да се делат бесплатни пијалаци во близина на училишта и градинки.

Продажбата на газирани безалкохолни пијалаци во период од октомври 2018 до септември 2019 година е намалена за 4,9 отсто, а продажбата на пијалаците без шеќер е зголемена за 21,6 проценти.

Поврзани новости