Промената продолжува освои 25,7 отсто, а ГЕРБ-УДФ 23,5 проценти на изборите во Бугарија

by Fokus

„Промената продолжува“ на Кирил Петков и Асен Василев, кои беа министри во преодната влада на Бугарија, освои најмногу гласови на денеска одржаните парламентарни избори со 25,7 отсто од гласови, покажуваат податоците од излезната анкета на Галуп интернешнл Балкан во 19 часот.

Според резултатите на второ место по освоените гласови ГЕРБ-УДФ со 23,5 проценти, а на трето е БСП – 14,5 отсто.

Во новото 47. Народно собрание на Бугарија се и МРФ со 10,2 проценти од гласовите, Има таков народ на Слави Трифонов со осум отсто, Демократска Бугарија со 6,9 проценти.

Скоро четири отсто на граница за влез во новиот бугарски Парламент е популистичката и проруска партија Преродба на Костадин Костадинов освои 4,2 отсто од гласовите. Според овие податоци, коалицијата на Маја Манолова ИБГНИ останува надвор од Народното собрание со 2,2 отсто, а ВМРО на Карасимир Каракачанов има 1,2 проценти.

Излезноста, според Галуп, е 35,5 отсто, а 1,8 отсто од граѓаните ја искористиле опцијата во електронските ливчиња – „Јас никого не поддржувам”.

 

Поврзани новости