Со донација на вода и присуство на дел од вработените, компанијата Зегин како општествено одговорна компанија даде свој придонес во големата еко акција “Скопска Црна Гора ја поздравува пролетта” која се одржа во неделата на 20 март, а во која се чистеше Скопска Црна Гора.
Иницијативата на оваа акција беше на еколошката активистка Мери Аницин Пејоска и планинарските здруженија „Скопска Црна Гора“ и „Убавините на Скопска Црна Гора“,извидничкото здружение „Сидро”.
Учество земаа и учениците од двете основни училишта во Кучевиште и Сандево; потоа индивидуални љубители на природата и чистотата, како и локалното население.
Целта на оваа успешна акција беше да се поздрави доаѓањето на пролетта, но и апел за подигнување на свеста на граѓаните кои не внимаваат на природата и животната средина. Освен ова, целта на акцијата беше и да се допре и до одговорните во државата за ургентно и систематско делување со користење на сите расположиви механизми, казни и други мерки за подобра животна средина..
Акцијата беше поддржана од општината, како и од општествено одговорни компании, меѓу кои компанијата Зегин, која со овој придонес сака да ги поттиикне и повика и останатите компании на општествена одговорност секаде каде што можат да се вклучат и да придонесат за поголеми и поусшешни проекти на разни полиња.
ПР текст