Пролетен распуст за учениците од 29 април до 5 мај, а учебната година завршува на 17 јуни

by Fokus

Зимскиот распуст во новата учебна 2023/2024 година почнува на 30 декември, а учениците во април ќе имаат и пролетен распуст, одлучи Владата на денешната седница.

„На денешната седница, Владата, на предлог на Министерството за образование и наука, одлучи учебната година да почне на 1 септември а првото полугодие да заврши на 29 декември 2023 година. Од 30 декември учениците ќе користат зимски одмор, а второто полугодие почнува на 22 јануари“, соопшти Владата.

Со оваа одлука на Владата учениците ќе добијат и пролетен распуст во април  и мај, но и учебната година ќе биде продолжена до 18 јуни.

„Во периодот од 29 април до 5 мај 2024 година, учениците ќе бидат на пролетен распуст. Учебната година ќе трае до 17 јуни, а летниот одмор почнува на 18 јуни и завршува на 31 август 2024 година“, соопшти Владата.

Поврзани новости