ПроКредит Банка со нова емисија акции од 8 милиони евра

by Fokus

ПроКредит Банка АД Скопје изврши зголемување на капиталот на банката за дополнителни 8.000.000 евра.

Врз основа на Решението на Комисијата за хартии од вредност УП 1 Број 10-1, одобрена е осмата емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда. Со тоа, ПроКредит Банка А.Д. Скопје изврши зголемување на основната главнина со издавање на 1.600.000 обични акции со вкупен износ од 8.000.000 евра.

Купувач на целата емисија на акции е единствениот акционер на Банката, ПроКредит Холдинг АГ Франкфурт со седиште во Ромерплац 33-37 60486 Франкфурт на Мајна, Сојузна Република Германија.

Преку издавањето на новите акции, ПроКредит Банка ја унапредува структурата и квалитетот на сопствените средства во корист на редовниот основен капитал.

Поврзани новости