Во денешно време дигитализацијата на пазарот станува се поважна, се бараат брзи и едноставни решенија за спроведување на административните работи, како што се потпишување на догвори за кредити, кредитни линии и гаранции без посета на банка.
ПроКредит банка е лидер на пазарот во имплементација на модерни банкарски технологии во земјата со 100 проценти автоматизирана услуга за готовинскии безготовински платежни трансакции.
Први на пазарот ја воведовме и услугата за дигитално потпишување на договори за сите правни лица. Ефикасноста, брзината и безбедноста се придобивките кои ги нуди оваа услуга.
Станува збор за едноставна и безбедна електронска платформа која им овозможува на клиентите дискреција и пристап со сопствено корисничко име и лозинка. Откако клиентите ќе добијат дигитален сертификат за потпис, сите останати договори за кредити, кредитни линии и гаранции може да се потпишуваат преку оваа иновативна платформа. Сè што е потребно се личен компјутер и интернет. Со оваа услуга, чекањето во ред и брзањето во банка само за еден потпис стануваат минато за клиентите на ПроКредит Банка.
Предностите од користење на услугата за дигитално потпишување договори се многубројни – зголемена ефикасност и брзина во потпишувањето на договорот со што заштедува на време и трошоци, ја подобрува безбедноста и го олеснува процесот на водење евиденција за документацијата.