ПроКредит Банка организираше настан „Дигитална еволуција: Одговорност на бизнисите кон иднината“

by Fokus

ПроКредит Банка организираше настан „Дигитална еволуција: Одговорност на бизнисите кон иднината “, на кој ги претстави ефектите од дигитализацијата и можностите за малите и средни претпријатија

ПроКредит Банка како докажан лидер во дигитализацијата во македонскиот банкарски сектор и понатаму продолжува да ја промовира дигитализацијата, овој пат со фокус на малите и средни претпријатија. За таа цел, ПроКредит Банка го организираше настанот „Дигитална еволуција: Одговорност кон иднината на бизнисите“, на кој присуствуваа претставници од над 50 домашни компании од приватниот сектор, компании кои нудат дигитални услуги, како и претставници од институции кои нудат финансирање, пред кои беа претставени придобивките кои би ги оствариле со примена на дигиталните технологии во рамки на своето работење.

Настанот го отвори Емилија Спировска, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка, која во својот поздравен говор ја истакна важноста на дигитализацијата на малите и средните претпријатија која ќе отвори можности тие да ги оптимизираат своите работните процеси, да ги зголемат конкурентноста и приходите и да ги намалат трошоците како и да ги следат новите пазарни движења и да ги задоволат потребите на своите клиенти. Таа истакна дека дигитализацијата претставува еволуција во начинот на работење, размислување и однесување на компаниите што несомнено е иднината на бизнис секторот.

Настанот беше организиран во три сесии каде претставниците од локалните компании кои нудат дигитални решенија, Маранд Консалтинг, Некстсенс, Инфо Биро и Инбокс, ги презентираа своите продукти за мали и средни претпријатија, а од друга страна претставници од Никоб, Комфи Ангел и Кентаур Импекс ги презентираа своите успешни приказни во имплементацијата на дигитални решенија и нивниот ефект врз работењето во рамки на своите компании. Во последната сесија претставниците од ЕБРД, ГИЗ и ИМЕ ги презентираа можностите за финансирање преку достапните грант шеми и финансиски поволности за инвестиција во дигитални решенија.

Милан Дамчевски, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка на инспиративната панел дискусија истакна дека со дигиталната трансформација и употребата на напредни дигитални инструменти за ефикасно управување со бизнисите, полесно ќе се остваруваат успешните приказни на малите и средните претпријатија и во иднина.

Во завршниот говор, ПроКредит најави организација на серија на настани кои ќе изградат мост помеѓу бизнис секторот, компаниите кои нудат дигитални решенија и институциите кои се клучни во процесот на дигитална еволуција и се главни двигатели на економскиот раст во земјата.

ПР

Поврзани новости