ПроКредит Банка и ЕБОР со нова кредитна линија во вредност од 4 мил евра за зелени инвестиции во домаќинствата

by Fokus

ПроКредит Банка, во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), ја проширува својата програма за поддршка на енергетски ефикасни инвестиции преку новата GEFF (Green Economy Financing Facility) кредитна линија во вредност од 4 милиони евра. Оваа иницијатива претставува продолжување на заложбите на банката за промоција на зелени технологии и одржлив развој.

Со новата кредитна линија за поддршка на зелената економија, домаќинствата имаат можност да добијат грант до 20% од вредноста на доделениот кредит за инвестиции во зелени технологии, како што се соларни панели, котли, топлински пумпи, прозорци и изолација.

„Оваа есен, со гордост ја продолжуваме нашата успешна соработка со ЕБОР, поддржувајќи ги домаќинствата кои се стремат кон енергетска ефикасност и зголемување на енергетската независност. Преку новиот договор со ЕБОР и програмата GEFF, нудиме кредити за инвестиции во фотоволтаици, системи за ладење и греење, топлински пумпи, прозорци, врати, како и внатрешна и надворешна изолација. Грантот до 20% од вредноста на кредитот го олеснува пристапот до инвестиции во зелени технологии кои истовремено носат долгорочни финансиски бенефити за домаќинствата кои штедат на трошоци за електрична енергија.“, изјави Милан Дамчевски, Член на Управен Одбор на ПроКредит Банка.

„Ни претставува задоволство што продолжуваме да работиме со ПроКредит Банка и што гледаме дека поволно финансирање ќе биде достапно преку ГЕФФ Програмата за домаќинствата во Северна Македонија, за инвестиции во мерки за енергетска ефикасност. Овие инвестиции ќе им овозможат на домаќинствата да ја подобрат удобноста на домовите, и да ги намалат сметките за електрична енергија” изјави Фатих Туркменоглу, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија.

Повеќе информации за новата GEFF кредитна линија на ПроКредит банка може да најдете следниот линк.

Поврзани новости