ПроКредит Банка АД Скопје издаде нова емисија на акции во вредност од шест милиони евра

by Fokus

ПроКредит Банка АД Скопје изврши зголемување на капиталот на банката за дополнителни 6.000.000 евра.

Врз основа на Решението на Комисијата за хартии од вредност Број УП1 10-7 од 01.03.2024 година, одобрена е седмата емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда. Со тоа, ПроКредит Банка А.Д. Скопје изврши зголемување на основната главнина со издавање на 1.200.000 обични акции со номинална и продажна вредност од 5 евра по акција, во денарска противвредност.

Купувач на целата емисија на акции е институционалниот инвеститор на Банката ПроКредит Холдинг АГ Франкфурт, со седиште во Ромерплац 33-37 (Rohmerplatz 33-37) 60486 Франкфурт на Мајна, Сојузна Република Германија.

Преку зголемувањето на основните средства, банката обезбедува унапредување на структурата и квалитетот на сопствените средства и оптимална адекватност на капиталот, како основа за континуирана поддршка на инвестициите на бизнис клиентите и физичките лица и раст на кредитното портфолио.

ПР

Поврзани новости