0
Општина Тира на Санторини прогласи вонредна состојба поради земјотресите што ги погодија Кикладите, меѓу Санторини и Аморгос, објави Прототема.
Во одлуката на Генералниот секретаријат за цивилна заштита се наведува дека вонредната состојба е прогласена со цел да се одговори на итните потреби и да се справат со последиците од земјотресот.
Како што пренесуваат грчките медиуми, вонредната состојба ќе важи до 1 март, пренесува Танјуг.