Македонија треба повеќе да се грижи за македонскиот јазик, за тој да добие соодветна афирмација во остатокот од светот.
Ова денеска ни го истакна професорот по македонски јазик, Људмил Спасов по повод Денот на сесловенските просветители – Св. Кирил и Методиј. Како што додаде тој, иднината на нашиот јазик не е во никој случај загрозена.
„Не постојат никакви закани за македонскиот јазик. Единствен проблем е Бугарија, а апсурдно е дека нашиот јазик има бугарски корени. Во минатото не знаевме добро да се грижиме за нашиот јазик, не го правевме тоа доволно. Во последните години, за среќа, се подигна свеста, иако во административниот и новинарскиот дел се уште има граматички и печатни грешки. Според мене, треба да се поведат културни акции, со кои ќе се даде до знаење за значењето на македонскиот јазик“, ни изјави Спасов.
Јорданчо Цветаноски