Професорот Спасов: Се направија реформи во образованието и затоа се помисли дека тоа е најдобро место за партиските војници

by Fokus

Људмил Спасов, претседател на Советот за македонски јазик и професор на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици на Филолошкиот факултет на УКИМ е загрижен поради слабиот интерес за изучување на македонски јазик и намалениот број на студентите на Филолошки факултет.

„Бројот на студенти се намалува на нашиот факултет поради зголемувањето на бројот на факултети и универзитети каде што се изучува македонскиот јазик. Но кај нив постојат практично применливи јазични катедри каде што се изучува македонскиот, што можеби одзема студенти, но одзема студенти и фактот дека ние од објективни причини се насочивме само кон педагошката група, значи за оние луѓе што се наставници, а веќе постои Педагошки факултет во Скопје. Значи, си направивме можеби некоја непотребна конкуренција. Се направи реформа во образованието, Болоња, која со сите негативности е добар процес – овозможи размена на студенти на универзитетите во Европа итн. Но под тој наслов се случи уривање на нештата на образованието. Можеби затоа што се помисли дека образованието е најдоброто место да се вработат партиски војници и сè стана на некој начин некој тип на лоша шега – шега да се дојде на училиште, шега да се предава на училиште, и рамништето падна до бескрај“, истакна Спасов.

Поврзани новости