Професорот Илјази за нападот од советникот Усеини: Ме влечеше по земја и ми се закани дека ќе ме убие

by fokus
Ме удри, ме влечеше по земја па ми се закани дека ќе ме убие, раскажува пред камерата на ТВ24  професорот Илјаз Илјази кој тврди дека вчера пред неговата зграда во охридската населба Даљан бил брутално нападнат од советникот Нефи Усеини оти претходно и до мајсторите и општинските јавни претпријатија се побунил дека има проблем со водоснабдувањето во неговата зграда.
Кога од Нискоградба го информирале дека проблемот е поради див приклучок од соседниот објект чиј инвеститор е Усеини, се симнал да го тргне цревото, а тогаш се случила жестока вербална расправија која завршила со удари тврди Илјази.

-Пред да се симнам се јавив во Водовод ме информираа дека проблемот со водата е поради див приклучок од зградата што се гради од спротива и ми рекоа додека да дојдеме тргнете го само цревото. Се симнав и дојдоа двајца веднаш ме нападнаа, ги прашав кои сте ми рече јас сум советникот Нефи. Почна да ме удира и тој и другиот со него. Едно време советникот му рече на другиот остави го ја ќе го удрам мене не ми може никој ништо. Ме удри, ме влечеше – ми рече ќе те убијам. Се траеше околу седум минути. Има и снимка доказ, имам модрици, крварев од устата, денеска имам болки во главата- вели Илјази.

Но, советникот Усеини негира дека имало физички контакт. Имаше расправија но не и тепачка тврди тој во телефонска изјава за ТВ 24 и вели дека за случајот дал исказ во полиција. Посочува дека споменатиот професор подолго време влегувал во расправија со вработените од неговата компанија „Нефи ИК“ кои пак работеле на изградба на објект во близина на зградата каде живее Илјази.

Поврзани новости