Професорка од УКИМ шири антисемитизам на социјалните мрежи

by Fokus

Професорка по француски јазик, Дореана Христова, на Филолошкиот факултет„Блаже Конески“ при УКИМ, шири антисемитизам на социјалната мрежа Фејсбук и тоа во време кога се одбележува 80 годишнина од депортацијата која бугарскиот фашистички окупатор ја има спроведено врз Евреите од Македонија. Професорката ги обвинува Евреите дека го попречуваат патот на Македонија во ЕУ, дека учествуваат во дојавите за бомби и дека целта им била да не окупираат.

„Македонските Евреи, поддржани од српската заедница, со сето свое малцинство, секојдневно го спречуваат европскиот пат на Северна Македонија кон ЕУ, па така на пример
-Рашела Мизрахи, како сугестивен дел од раководството на плагијаторската партија со украденото име од претходната партија на ВМРО дпмне од македонската опозиција,
како и -Пепи Леви и
-Садикарио агитираат на сите македонски медиуми
/ против Бугарија и нејзините граѓани
/ против Еу
/ против Северна Македонија и нејзината европска иднина, што звучи монструозно
Веќе почнуваме да се прашуваме дали таа група е иницијатор на катадневните лажни бомби, со кои се сее страв сред нашите деца во училиштата и кај нивните родители, односно невкусниот психолошки аларм што се врши врз целата македонска држава….“, напиша професорката.

„Се чини намерно најбрутално Евреите и Србите во Северна Македонија не дозволуваат македонска интеграција во ЕУ, зашто планираат токму таа да биде единствен нивен посед, (подигрувајќи се на тој начин со ЕУ). Целта им е да нѐ експлоатираат и окупираат заедно со Србите, нас Македонците, македонските Бугари и Албанците, или да нѐ иселат….“, пишува Христова.

 

Поврзани новости