Професорите ќе пристапат кон граѓанска непослушност и протести, ако новите законски измени во образованието влезат во второ читање

by Фокус

Студентите велат дека нема да бидат дел од ничија агенда и да учествуваат во дебата, што ќе го погреба високото образование, откако премиерот Никола Груевски ја презакажа дебатата од хотелот Александар Палас во Собранието. Според нив, смешно е да се дебатира за закон кој е веќе во второ читање, а претходно три месеци и за време на протестите никој не сакал да ги слушне.

– Ниту сме повикани на ваква дебата, ниту пак сакаме да бидеме дел од ваква дебата. Ние сакаме да дадеме лигитимитет на дебата која е само про форма на владата само за да ги задоволи својата агенда и дебата на која би се слушнале само нашите аргументи и ставови кои ги трубиме три месеци и истите потоа ќе бидат грубо игнорирани. Порачуваме дека тука не дојдовме да дебатираме, дојдовме да посведочиме на дебата која што ќе го погреба високото образование – истакнаа од Студентскиот пленум.

Професорите, пак не ја прифатија поканата на премиерот, бидејќи според нив законот е веќе влезен во собраниска процедура. Тие велат дека, ако помине и во второ читање ќе пристапат кон граѓанска непослушност и протести.

 

Поврзани новости