410
Професор во скопско средно училиште нападнал ученичка, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Инцидентот се случил вчера во прва смена во училиште кое се наоѓа во реонот на полициската станица Бит пазар. Таткото на девојчето го пријавил физичкиот напад извршен од речиси трипати постариот професор.
„На 15.03.2023 во 18.00 часот Ф.С.(49) од Скопје пријавил дека околу 10.00 часот во средно училиште на подрачјето на Бит Пазар, неговата малолетна ќерка била физички нападната од Ф.Ќ., професор во училиштето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.