Професор Атанасов: Отворен одговор до ректорот Јанкуловски

by Fokus

Државната комисија за спречување на корупцијата на 13.02.2010 (четврток) објави дека со иницијативата за формирање синдикати на универзитетите „Св.Кирил и Метидиј“ (УКИМ) и уште еден јавен универзитет,ректорите ги прекршиле начелата за законитост и интегритет. По ова, исто така, постапувал и надлежниот орган – Државниот инспекторат за труд кој утврдил прекршување на одредбата 195 од Законот за работни односи, по што ќе спроведе постапка согласно своите законски одредби по утврдениот прекршок.

Овие извештаи на државни институции, ректоре Јанкуловски, само докажуваат дека СВЕСНОработите спротивно на законот. И тоа не ви е првпат!

Нема поголем СРАМ од тоа што Вие како ректор, за 24 часа, сте ги натерале или запишале во лажниот синдикат на УКИМ речиси сите вработени во Ректорската управа. Вие разбирате ли конечно што направивте?Начинот на кој работите е вашето огледало. Очигледно Вие како човек имате проблем со себе перцепцијата. Ниту ректорот Јанкуловски е УКИМ, ниту УКИМ е ректорот Јанкуловски. Вие го претставувате УКИМ, но не сте УКИМ. УКИМ е многу повеќе од Вас. Јас дебатирам со вас единствено како јавна личност. Нема закон за заштита на ликот и делото на Никола Јанкуловски.

А сега, сакам да издвојам НЕКОЛКУ НЕВИСТИНИ од вашето писмо до мене, што навистина се граничат со логиката на нештата. Нема логика во тоа што некој ве советувал да го тврдите. Вие мене ме обвинувате како „еден од главните кочничари на целата процедура за одолжувањето на усвојувањето на Статутот на УКИМ“.

Камо среќа јас да бев одлучувачки фактор за носење или неносење на статутите на јавните универзитети. Се ќе беше завршено согласно Законот. Напротив, СЕКОЈ јавен универзитет беше обврзанво законски рок да се усогласи со новиот Закон за високо образование. На тие што им беше потребна поддршка или консултации тоа и го направија, со мене или со правниот сектор во МОН. За ова прашање јас со другите ректориниту се видов ниту се слушнав. Со Вас се видов многу пати!

Јавните универзитети чекајќи ве Вас како најстар универзитет,  изгубија многу месеци. Кога сфатија дека она за што Вие се залагате во тој процес се само ВАШИ ЛИЧНИ ИНТЕРЕСИ, за многу кратко време во скратена постапка си ги донесоа своите статути.

Што правевте Вие? Со месеци не испраќавте каков било драфт на статутот до Собранието. Јас веќе одамна не бев таму. Поради настаните во државата искористивте и ја забавивте процедурата. Се разбира, Владата бараше да го почитувате новиот закон и да се усогласите со него.

Кога конечно испративте некаков работен документ, според една претставка до Собранието, Вие или некој од Ваше име, доставил до Собранието Статут со фалсификувани членови, кои не биле гласани на Сенатот на УКИМ.

Дури и во втората фаза на процедурата и по сугестиите на Владата, Вие браневте само една и единственба работа. Вие како ректор да го водите Сенатот до крајот на мандатот. Значи Сенатот да работи без претседател, како што дефинираше новиот Закон.

Ги чувам сите ваши предлози (во боја), за тоа како вие го замислувате спроведувањето на законот. Вие се уште си работите по стариот Закон за високо образование спротивно на новиот закон.

Еден ден и за ова незаконско работење некој ќе ви побара одговорност.

ВИНАТА за доцнењето на Статутот е исклучиво Ваша и се должи на фактот дека Вие не сакавте да се усогласите со Законот за високо образование,кој ве обврзуваше да започнете со подемократско управување со универзитетот.

ОВА треба да го знаат колегите од УКИМ. Вие го оставивте УКИМ без Статут една година само заради задржување на моќната позиција, од личен а не јавен интерес, од која на никого не мора полагате сметки.

Вторпат ви пишувам дека тоа време заврши. Не можете да ги лажете цело време сите.

ВИСТИНАТА е дека јас Вам како ректор Ви ПОМАГАВ да се заврши процесот а не како што Вие тврдите. Да ве потсетам дека Вие во тој период бевте во конфликт со други фактори во Владата, не со мене.

За ова толку. И многу е! Има уште многу повеќе, ама ако има прилика и за тоа би дебатирал.

За сите други квалификации и НЕВИСТИНИ во писмото не сакам ниту да дискутирам. Времето ќе покаже што е што а кој е кој. Но, отворен сум за јавна дебата како и секогаш.

Воопшто не е важно кој во мај ќе ја добие довербата на професорите и студентите да биде нов ректор. Важное што Вие во овие четири години со НИШТО не сте покажале дека студентите, професорите и основните дејности на УКИМ ви се нешто битни.

Затоа ќе ви поставам неколку прашања на кои не мора да ми одговорите, ама некому ќе треба да дадете одговор, затоа што тоа се прашања од јавен интерес:

 

  1. Што направивте Вие УКИМ да стане престижен универзитет овие 4 години?
  2. Дали е вистина дека имате 3000 евра приход како ректор (заедно со вашата професорска плата), нешто што ги нема ниту еден ректор на јавен универзитет?
  3. Кога е донесена одлуката и кој ја донел Вие како ректор да имате 2000 евра ректорски додаток?
  4. Зошто ниту еднаш не сте дале ДЕТАЛЕН отчет или извештај како се трошат финансиите од интегративните средства?
  5. Зошто УКИМ е на 1640 место на Шангајската листа, а не меѓу првите 500, како што ветивте во јавен настап пред да станете ректор. Чувствувате ли одговорност за тоа?
  6. Како за време на Вашиот мандат на Шангајската листа не престигнаа помали универзитети во регионот, со многу помали човечки и финансиски ресурси?

Имам уште многу прашања до Вас, пред секако член на УКИМи како редовен професор, кој искрено се залагаше изминатите 8 години за реформи во образованието и кој секогаш јавно дебатираше за ова.

Петар Атанасов, редовен професор на УКИМ и член на НАкС

На веб сајтот на порталот focus.mk, на 12.02.2020 година е објавено отворено писмо до мене како редовен професор на УКИМ, проф. д-р Петар Атанасов, од страна на ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски. Ова е реакција на тоа писмо и барам да се објави под исти услови како и отвореното писмо:

 

Поврзани новости