Независниот синдикат на професионални војници на Македонија најави дека од 11 часот ќе постави шатори и вреќи за спиење пред Владата.
Појаснуваат дека согласно член 40а од Законот за служба во Армијата, професионалните војници со наполнување на 45 години старост се префрлуваат во други сродни институции. Но веќе 2 години од страна на Владата, како што велат, за дел од професионалните војници не се преземени никакви активности за префрлување во друга институција.
-Затоа синдикатот презема активности со своите членови и на ден 22.05.2022 година пред Владата на РСМ ќе постави шатор и вреќи за спиење долж тротоарот пред Владата и таму ќе остане се додека не се исполни нашето барање, е потенцирано во најавата од независниот синдикат на професионални војници.
Фото: Архива