422
Отпуштените професионални војници го растурија кампот пред Собранието, кој беше поставен на почетокот на месецот поради штрајкот со глад.Тие очекуваат дека во вторник конечно за нивниот проблем ќе се расправа во Собранието и ќе се најде решение за нивно постојано вработување. Поддршка добија и од неколку генерали во пензија кои порачаа надлежните да не ги отпуштаат професионалните војници кои си ја знаат работата а за сметка на тоа да се пополнуваат места по партиски клуч.
-Очекуваме дека во вторник конечно ќе се измени Законот за служба во АРМ и нашиот проблем ќе биде решен. На седница комисијата за одбрана и безбедност очекуваме дека сите пратеници ќе застанат на наша страна, изјави еден од војниците.