Проеска: Крушевчани четири години се уназадиле со градоначалникот Христоски!

by Fokus

Во четиригодишниот мандат на СДСМ и Томе Христоски во Крушево нема отворено ниту едно ново работно место, ниедна фабрика, ниедна инвестиција, реагира кандидатот за градоначалник на Крушево, Билјана Проеска.

„Се наоѓаме пред индустриската зона Опаленик, фабриката „Секе“ која беше отворена во време на ВМРО-ДПМНЕ, покрај оваа фабрика беше отворена и фабриката „Фајв летерс“, за жал таа фабрика денес е затворена. Значи во четири години нема ниедна инвестиција и нема ниедна фабрика. Има само затворање на веќе постоечка.

ВМРО-ДПМНЕ во својата програма во наредните четири години како прв и главен приоритет ги има отворањето на новите работни места.

Значи отворање на нова инвестиција, отворање на нови фабрики.

Индустриската зона Опаленик веќе има неискористени парцели, кои што треба да бидат претставени и промовирани пред инвеститорите.

Главна и основна наша задача ќе биде промоција на неискористените парцели и привлекување на инвеститори. Привлекувањето на инвеститори ќе биде многу важно за новите работни места како и за раздвижување на економијата во Крушево.

Ние ВМРО-ДПМНЕ се обврзуваме и ветуваме дека уште од самото доаѓање на власт прво и основно ќе започнеме со промоција на неискористените парцели во индустриската зона. А, доколку има можност и законски тоа е изводливо ние ќе направиме проширување на таа индустриска зона и ќе работиме во интерес на нашите сограѓани.

Отворањето на нови работни места ќе биде врвен приоритет.

Од Агенцијата за вработување податоците се поразителни, во овој момент нема ниедно слободно работно место, а ако направиме паралела со 2016-та година кога имало невработеност од 1.047 денес во 2021 година имаме невработеност 1.039. значи скоро ништо не се вложило во невработеноста. Значи дека нашите сограѓани во овие четири години со владеењето на Христоски и СДСМ само уназадиле. Се уназадила економијата, се уназадиле граѓаните на Крушево.

Ветуваме и се обврзуваме за нови работни места, нови инвестиции и нови фабрики. Промоцијата на оваа индустриска зона отпочнува од денес, од овој момент“, вели Проеска.

Поврзани новости