Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 31 степен.
Потоа за време на викендот во попладневните часови локално ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи, засилување на ветер и услови за појава на град. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.
Ново опаѓање на температурите почнувајќи од северните предели ќе има во недела во текот на денот, додека од понеделник ќе биде посвежо а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен Долж Повардарието. Максималните дневни температури во понеделник ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени, во најтоплите предели истите има услови да се искачат до околу 33 степени.
Подготви: Славчо Попоски