Продолжување на работниот однос на докторите кои имаат навршено 64 години – младите лекари учат од експерти со докажано искуство

by Fokus

Министерот за здравство д-р Илир Демири се сретна со претседателот на Македонското лекарско друштво проф. д-р Горан Димитров со кого разговараше за продолжување на работниот однос на докторите кои имаат навршено 64 години и кои учествуваат во едукација на младите кадри на сите медицински факултети во земјава.

Со оваа иницијатива и прифаќањето на оваа одлука ќе се овозможи континуирана продукција на нови и млади кадри коишто ќе допринесат за зајакнување на здравствениот систем. Младите здравствени работници ќе учат од експерти докажани во својата област по соодветните специјалности со долгогодишно искуство и успех зад себе.

Поврзани новости