Бугарската политичка партија „Продолжуваме со промената“ претпладнево ќе го врати неисполнетиот втор мандат за формирање влада.
Вториот мандат му беше врачен на Николај Денков на 3 јануари. Од „Продолжуваме со промената“ уште пред да го добијат мандатот изјавија дека ќе го вратат исполнет доколку политичките сили застапени во парламентот се обединат околу приоритетните цели за државата. Во нацрт-декларацијата беа формулирани четири приоритети.
Од „БСП за Бугарија“ се изјаснија дека нема да го поддржат предложениот документ. Претставниците на левицата, „Демократска Бугарија“ и „Бугарски подем“ одговорија на средбата на покана на „Продолжуваме со промената“. Кандидатот за премиер Николај Денков најави дека проблемите главно се поврзани со односот кон војната во Украина и позицијата на Бугарија во тој конфликт, како и со изборниот процес.
Документот, предложен од втората по големина парламентарна сила, беше отфрлен без расправа, со 63 гласа „за“, 84 „против“ и 30 воздржани. Документот беше поддржан од ПП и „Демократска Бугарија“. Против гласаа пратениците од ГЕРБ-СДС и „Преродба“, а воздржани од ДПС, „БСП за Бугарија“ и „Бугарски подем“.