Јетон Шаќири – министерот за образование и наука денеска порача дека продолжуваат состаноците за ограничувањето на користењето на социјалната мрежа Тик–ток во основните и средните училишта во земјава.
„Денеска ќе продолжиме со состаноците со институциите кои треба да проценат какви содржини има и како се употребува Тик-Ток. Ако во институциите за безбедност се потврди , како што знаеме, некои од видеата кои беа разгледувани од МВР, како лош материјал заедно со Министерството з а информатичко општество и Агенцијата за електронски комуникации и другите институциуи во делот на доменот на функционирање на Тик-Ток, ќе ги разгледаме сите можности во начинот на неговата употреба како апликација“, рече министерот Шаќири.
Тој додаде дека ќе се анализира и начинот на користење на другите алатки и социјални мрежи, како да има конкретни ограничувања во начинот на нивното отворање, потврда на податоците, внесување на некои податоци, а за сето тоа ќе се консултираат психолози, педагози, стручни лица од МОН и од МТСП.
„После овие мерки, ќе имаме и конкретен протокол на мерки на крајот на учебната година која завршува, а од септември ќе има повеќе протоколи, повеќе прирачници. Ќе го разгледаме и постоечкото упатство за училиштата, воспитната програма, работата на центрите за социјална работа“, рече Шаќири.
Ова е резултат на последните случувања во Србија каде 13-годишник дете уби девет лица, од кои осум соученици во основно училиште.