414
Следната рунда преговори меѓу руската и украинската делегација ќе се одржи во вторник во Истанбул, соопшти турското претседателство.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го повика својот руски колега Владимир Путин на прекин на огнот и подобри хуманитарни услови за цивилите по руската инвазија на Украина, соопшти неговиот кабинет по телефонскиот разговор меѓу двајцата претседатели.
Ердоган ја истакна важноста од прекин на огнот меѓу Русија и Украина, одржување на мирот и подобрување на хуманитарните услови во регионот.
Претседателот Ердоган рече дека Турција ќе продолжи да дава секаков вид поддршка за процесот, соопшти неговата канцеларија.